Буџетот за 2023 година за асфалтирање улици во Тетово – ДУИ: Касами одвои 1 милион евра за партиски вработувања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Советниците во Општина Тетово со 16 гласа „за“ и 15 воздржани го изгласа буџетот за 2023 година од 23 милиони и 300 илјади евра. Според претседателот на советот, со овој буџет се зголемени инвестициите, особено за асфалтирањето на патиштата, а се намалени и трошоците за патишта и патувања.

„Како значајни сообраќајници кои ќе ги посочам се булеварот Благоја Тоска, од Касарната со должина од 450 метри, каде ќе се направат значајни интервенции на тротоарите со вредност од 19 милиони денари. Тоа ќе се прави три години и е предвидено во буџетот. Булевар В.С Бато  во должина од 650 метри. Во сите подземни и надземни етапи ќе се постави јавно осветлување кое чини 67 милиони денари. Кружниот тек од Лисец до Попова Шапка, градежен дел во должина од 740 метри во вредност од 30 милиони и 600 илјади денари, каде ќе започне и процедура за отворање на тој пат“, вели Бесар Дурмиши.

Но, советниците на опозициската ДУИ велат дека општина Тетово со овој буџет обезбедила 1 милион евра за вработувања со кои општината на различни начини манипулирала.

„Овој буџет го оценуваме како буџет за задоволување на потребите на партиските милитанти на Движење Беса, бидејќи, како што видовте, во овој буџет се предвидени 500 илјади евра за нови вработувања со договор на дело, уште 500 илјади евра  кои се поделени на други буџетски ставки, кои градоначалникот има право да ги даде за нови вработувања на партиски милитанти, што значи дека се работи за околу 1 милион евра наменети за партиски вработувања“, додаде Лиридон Диша.

Од ВМРО, која е во коалиција со Движење Беса, велат дека во овој буџет предвиделе инвестиции од нивната предизборна програма. Додека од опозициската Алтернатива велат дека ова мнозинство не ги земало предвид нивните барања во интерес на граѓаните.

„Моите три предлози не беа прифатени, за првиот предлог, градоначалникот рече дека нема конкретен проект и може да се предвиди во првиот ребаланс на буџетот“, вели Фатон Селами.

Според градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, буџетот за 2022 година е реализиран над 90%, но се уште се обработуваат точните податоци за реализацијата на истиот.