Бугарија ги зголеми контролите на увозот на овошје и зеленчук на граничните премини со Македонија, информира Агенцијата за храна и ветеринарство.
Мерката е во сила од 3 август и се однесува на пратки со потекло од трети земји, вклучително и производи од Македонија наменети за бугарскиот пазар.
Од АХВ информираат дека извозните компании и транспортерите треба да ги земат предвид зголемените контроли при планирањето и реализацијата на пратките, бидејќи граничните процедури може да траат подолго.
Агенцијата ја следи состојбата и навремено ќе ги информира економските оператори за сите промени, со цел непречено одвивање на трговијата и почитување на законските барања.
