Бугарија ќе протера уште еден руски дипломат поради шпионажа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата во Софија денеска соопшти дека Бугарија ќе протера уште еден руски дипломат по неколку слични случаи, откако против него е отворена истрага за шпионирање на американските сили стационирани во оваа членка на НАТО.

– Министерството за надворешни работи на Бугарија прогласи дипломат на Руската амбасада во Софија за непожелна личност и му даде 72 часа да ја напушти земјата поради активности неспојливи со неговиот дипломатски статус, се вели во соопштението.

Министерството претходно соопшти дека протера двајца руски дипломати под сомнение за шпионажа.