Бугарија: Коридорот 8 зависи само од желбата и политичката волја на нашите соседи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бугарскиот министер за транспорт Гроздан Караџов изјави дека Коридорот 8 зависи само од желбата и политичката волја на Република Северна Македонија.

„Испративме договор за единственото нешто кое ни е заедничко, а тоа е тунелот на самата граница. Овој тунел е преполовен од самата граница на два еднакви дела. Половина е на територија на Република Северна Македонија, а другата половина на бугарска територија. Новиот договор е веќе испратен до нашите соседи, се чека на нивно одобрување, но тој не е одобрен веќе три месеци, и затоа ги собравме сите дипломати претставници на земјите од ЕУ и НАТО, затоа што овој коридорт е по должината на НАТО членки, почнува од Италија, преку Албанија, Северна Македонија и стигнува до Бугарија, на брегот на Црното море“, изјави Караџов.

Македонското министерство за транспорт веднаш со реакција, дека бугарската страна ги искривува фактите во врска со изградбата на Коридорот 8. Министерството истакнува дека неколку пати побарале заеднички состанок на работните групи, но дека нема официјален одговор од Бугарија.