На многу ниско ниво беа донесени односите со Бугарија, рече вчера на брифинг со новинарите премиерот Димитар Ковачевски. Вели дека остануваат отворени прашања со нашиот сосед, но за тоа не треба да се бза. Постои надеж дека за шест месеци преку институциите може да се најде решение кое ќе биде во согласност со резолуцијата изгласана во македонското Собрание, брифираше Ковачевски.
Ден по посетата на Владата во Софија, во медиумите во Бугарија се анализираат изјавите на премиерите. За експертите Бугарија подготвува нова позиција за Македонија.
„Најсилен катализатор на таква промена според мене би можело да биде една нова позиција на Бугарија во односите со РСМ. Ова што сега се случува, гледаме дека има брзање, за брзо решавање на прашањата кои се натрупани дениции“, истакна Бојко Ноев.
Синоќа пак во Клик Плус доскорешниот специјален претставник за Бугарија Владо Бучковски беше „нападнат“ дека ги зголемил апетитите на Бугарија.
„До толку погрешно очигледно разговарал со Бугарите што им ги покачи толку апетитите да денес имаме официјално отворање на темата ребугаризација на Македонија“, вели Петар Богојески.
Еден од членовите на заедничката комисија од Бугарија вели дека клучно е кога Бугарите ќе бидат запишани во Уставот на Македонија, додавајќи дека треба да има јасни гаранции дека тоа ќе биде во разумен рок.
„Нашите очекувања се во следните три месеци до мај, да видиме дали ќе можеме така како што е ритамот на останатите работни групи да се наметен еден ритам и на нашата комисија по историски и образовни прашања“, додава доц. проф. Наум Каичев.
Премиерот Ковачевски вчера на брифинг со македонските новинари рече дека и да има само една претставка од Бугарин од Македонија, тој има право на заштита пред законот. Додава дека истата треба да се реши и за тоа да се известат бугарските власти.
Инаку в петок во македонскиот и бугарскиот парламент ќе се реферира за преговорите меѓу двете земји.
