Собранието ќе ги намали платите на функционерите – одлуката доаѓа по налогот на Уставниот суд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ја усвои предлог-одлуката за намалување на коефициентите за пресметка на платите на претседателот на државата, пратениците и функционерите именувани од Собранието.

Оваа одлука доаѓа по одлуката на Уставниот суд, со која беше укината фиксната основица за пресметување на платите, со што се отвори можност за автоматско зголемување на платите на функционерите во случај на промена на просечната плата.

Новите коефициенти имаат за цел да утврдат постабилен начин на пресметување на платите и да спречат неконтролирано зголемување на трошоците од државниот буџет.

Мерката ги опфаќа претседателот на државата, претседателот на Собранието, премиерот, пратениците, како и раководните структури на независните регулаторни агенции и државните комисии.

Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, изјави дека парламентарното тело постапило во согласност со одлуката на Уставниот суд, со цел да се избегне правен вакуум.

Предлог-одлуката, по усвојувањето на Комисијата, ќе биде доставена на пленарна седница, по што пратениците ќе гласаат за конечно усвојување.