Бугарија не го признава македонскиот јазик – Заев не очекува пречки за почеток на преговорите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На Денот на Учителот, министерката за образование, Мила Царовска се потсети на својата наставничка по македонски јазик која ја нарече хероина која и ја всадила желбата за изучување на јазикот.

Токму македонскиот јазик и историјата се прашања поставени на дебатата меѓу Северна Македонија и Бугарија за прашањето за идентитетот.

Тоа не предизвика само дебата, туку Бугарскиот меморандум покрена сомнежи дека можно е да има пречка за почеток на интегративните преговори меѓу Скопје и Брисел. Иако нашите и европските функционери се оптимисти дека тоа нема да се случи, се чини дека Бугарија е упорна во своите барања. РСЕ извести дека има увид во коментарите што Софија ги има испратено за предлог-рамката за преговори со Скопје и предлог-рамката која се уште е во фаза на преговори. Како што пишуваат, Бугарија бара добрососедството да се третира како суштинско прашање, на пример како што е владеењето на правото, а македонскиот јазик да не биде дел од рамката.

“Бугарија не признава постоење одвоен таканаречен македонски јазик и поради тоа не може да прифати какво било повикување на него во ЕУ документи. Повикувањето на службен јазик на оваа земја овозможува да се продолжи со институционалната работа“.

Прашан за овие документи, премиерот Зоран Заев продолжи да дава надеж дека Бугарија нема да го попречува почетокот на преговори со нашата земја.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера рече дека верува оти за   македонскиот јазик и Гоце Делчев не треба да се преговара со Бугарија бидејќи тие се дел од националниот идентитет а го обвини премиерот Заев за бугарскиот меморандум.

Во петок, министерот за надворешни работи, Бујар Османи се очекува да отпатува во Софија за да се сретне со неговата колешка Екатерина Захариева, што може да испрати јасна порака за односите меѓу Македонија и Бугарија. Овој месец исто така се очекува да се состане мешаната македонско –бугарска комисија за прашањата за историјата и образованието која веќе една година паузира со работа а застана кај прашањето за револуционерот Гоце Делчев.