Царината во Бугарија соопшти дека заплениле 403 килограми хероин во камион со турски регистарски ознаки на пат од Иран кон Западна Европа.
Хероинот бил сокриен во 156 душеци, а биле пријавени за спиење. Официјалните лица ја процениле вредноста на количината над 8,5 милиони евра.
Турскиот возач бил уапсен и се соочува со затворска казна од 20 години.
