Денес во станбена зона во градот Бургас во југоисточна Бугарија избувна пожар, во кој изгореа најмалку 25 куќи, а беше наредена масовна евакуација.
Пожарот избувнал околу 11:30 часот по локално време во зоната „Остриците 2“ на копно со сува вегетација и брзо се проширил, објавува порталот „Новините“, додавајќи дека и покрај сериозноста на ситуацијата, системот за предупредување не бил активиран.
Во гаснењето учествувале и волонтери, покрај противпожарните екипи, а на местото на настанот дошол и градоначалникот Димитар Николов кој рекол дека пожарникарите работат на сечење на пристапните патишта за да се спречи ширењето на пожарот кон источниот дел од станбената зона.
