Бугарија чека политички исход, ќе има нов премиер или предвремени избори.
„Ќе му вратам празен мандат на претседателот. Денеска предложивме да се гласа за составот на актуелната влада само со ротација на премиерот и вицепремиерот“, ова го изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи во оставка Марија Габриел на вонреден брифинг вечерва во Софија.
Таа потсети и на она што се случи пред почетокот на преговорите. „Немаме спорови за регулаторите и реформите во судството. Сакаме ГЕРБ да биде прифатен како рамноправен партнер. За време на преговорите слушнав многу етикети и изборни слогани, но не си дозволив никаков епитет. Ги игнорирав зборовите дека тоа што се случуваше ќе се одрази на мојата кариера во странство. Првата политичка партија да биде рамноправна, предложивме да биде јасно кој за што одговара. Од самиот почеток на преговорите се ангажиравме конструктивно. По првиот круг стана јасно дека имаме заеднички работи, но и разлики. Сакаме целосен мандат, јасни приоритети, еднаквост во управувањето“, нагласи таа.
Претседателот на Бугарија Румен Радев утре ќе го додели првиот мандат на ГЕРБ-СДС. Во петокот претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, беше дециден дека или веднаш ќе се врати мандатот, или ќе одат на предвремени избори.
