Бугарија се приклучи на заедничката изјава иницирана од САД на повеќе од 100 земји за ситуацијата во Авганистан, соопшти прес-центарот на Министерството за надворешни работи.
Во соопштението се вели: „Сите ние сме посветени да им обезбедиме на нашите граѓани, лицата со право на престој, службеници, Авганистанци, кои работеа со нас и оние во ризик да ги имаат неопходните услови да продолжат слободно да патуваат до дестинации надвор од Авганистан. Добивме гаранции на талибанците дека на сите странци и на оние авганистански државјани со одобрение за патување, издадено од нашите земји, ќе им биде дозволено да се движат – во услови на ред и безбедност – до соодветните пунктови за заминување од Авганистан и да ја напуштат земјата”.
Во соопштението уште се додава: „Ние ќе продолжиме да им издаваме патни исправи на одредени Авганистанци со јасно очекување дека обврската на талибанците ќе биде исполнета и дека засегнатите лица ќе можат да патуваат во нашите соодветни земји. Во врска со ова ги забележуваме јавните изјави на талибанците, кои го потврдуваат тоа разбирање”.
