Агенцијата за храна и ветеринарство е известена дека Бугарија вратила 11,6 тони пиперки од Македонија поради зголемено ниво на пестициди. Како што изјави директорот на АХВ, Оливер Миланов, сè уште се чека одлуката дали количината ќе биде уништена во земјата увозник, во Бугарија, или ќе биде вратена во Македонија и уништена на депонијата „Дрисла“.
„Операторот има право пиперките да бидат уништени или вратени. Ние, заедно со Земјоделскиот инспекторат, ќе ги уништиме по барање на операторот или на земјата увозник. Известени сме за конкретниот случај и чекаме да видиме дали ќе бидат уништени во Бугарија или ќе бидат вратени тука, каде што операторот ќе ги уништи во „Дрисла“.“, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов.
