Бугарски клуб во Охрид нападнат со оружје – бројни реакции од домашните и бугарските власти

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Синоќа непознати сторители со огнено оружје пукаа кон бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Ова е трет напад врз клубот. Од охридската полиција синоќа информираа дека околу 19 часот и 12 минути било пријавено оштетување на стаклото на канцеларијата на клубот. Министерството за надворешни работи веднаш излезе со реакција во која го осуди вандалскиот чин и повика надлежните институции да го истражат случајот.

„Да ги истражат околностите под кои се случија овие вандалски активности и да преземат итни мерки за откривање на сторителите, како и да преземат дополнителни превентивни активности со цел да се обезбедат соодветни услови за непречено одвивање на активностите на овој и сите други граѓански клубови и здруженија во земјава“, велат од МНР.

Не задоцни ниту реакцијата на копретседавачот од бугарска страна на македонско-бугарската

Комисија за историски и образовни прашања, Ангел Димитров, кој нападот го опиша како акт на омраза.

„Станува збор за брутален акт на омраза, како поинаку да го оценам нападот врз клубот „Цар Борис Трети““, вели Ангел Димитров.

Премиерот Димитар Ковачевски, рече дека уште на почетокот ги предупредил бугарските власти за ова, бидејќи, како што вели, одбрале имиња кои будат негативни чувства кај најголем дел од општеството.

Македонската амбасадорката Агнеса Руси-Поповска денеска е повикана во бугарското МНР во врска со нападот на бугарскиот клуб во Македонија.