Придавката „македонски“ е идентитетска придавка и не смее никој да ни ја оспорува, дециден премиерот Заев . Изјавата следеше по последната техничка средба на македонско-бугарските историчари. Заев изрази подготвеност за објавување на записниците од досегашните средби ако на тоа се согласи и бугарската страна. Таквата взаемна согласност произлегува од договорот меѓу Бугариja и нашата земја објасни.
„Ако бугарската страна потврди ние сме подготвени веднаш да ги објавиме. Придавката македонски не е проблем таму. Тоа е идентитетска придавка, нашиот идентитет не е спорен и никој пат нема да дозволиме никој да го оспорува. Никако и никогаш по цена на интересите на нашиот народ“, рече Заев.
Демотивација на нашиот народ би бил ризикот, кој во иднина ќе го предизвика бугарското вето, рече Заев . Додаде, дека децении наназад, земјава има потрошено драгоцено време во нерешените билатерални спорови меѓу земјите соседи.
„Секако може да демотивира од подршката на нашиот народ за полноправно членство во ЕУ кое не би го посакувале“, рече Заев.
Неговиот одговор стаса, откако американската амбасадорка во интервју за Гласот на Америка на Македонски јазик, изрази разочараност од бугарското вето . Кејт Мари Брнз, оценува дека бугарското вето носи бројни ризици, бидејќи како што вели, одредени држави, како Русија и Кина, кои не ги делат вредностите за Европа како слободна и обединета, може да ја искористат ситуацијата за нивен стратешки интерес.
„Разочарани сме од ветото на Бугарија поради бројни причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го почне процесот на отворање и затворање на поглавјата со ЕУ. Има бројни ризици кои доаѓаат со одлуката на Бугарија, ризици не само за Северна Македонија туку и за ЕУ, и за прашања во однос на процесот на проширување во целина“, рече Брнз.
Брнз ja потенцира важноста од продолжување на билатералните разговори помеѓу Македонија и Бугарија и изразува надеж дека дискусиите ќе бидат конструктивни и во интерес на двете страни. Веруваме дека Северна Македонија има покажано дека е подготвена за нејзината прва меѓувладина конференција, која се надеваме дека се уште ќе може да се случи што е можно побрзо, вели Брнз во интервју за Гласот на Америка.Првиот човек во македонската дипломатија за грчкиот весник ТО ВИМА, нагласува дека не постои силна Европа без силен Балкан. Според него, стабилизацијата на ЕУ може и мора да се направи заедно со европската стабилизација на Балканот. Додава дека пристапните разговори со ЕУ, не би требало да се претворат во преговори со Бугарија.
„Разговорите со Бугарија се континуирани и ќе продолжиме за да најдеме начин за надминување на разликите, но пристапните разговори не би требало да се претворат во преговори со Бугарија.“, вели Османи.
Во решавањето на сопрот со Бугарија, премиер Заев го нагласи неговото лично уверување, дека решението за проблемот со Бугарија, нема да дојде пред изборите во таа земја. Можен напредок очекува по изборите во април.
Бугарското вето ќе предизвика демотивација кај народот за членство во ЕУ, Заев: „Никој нема право да ни го оспорува идентитетот“
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама