Работите на булеварот „Благоја Тоска“ кај касарната во Тетово се уште не се завршени. Неколку пати не се испочитувани роковите, а вината е префрлена на градежната компанија. Од општината велат дека финансискиот надомест се уште не е направен, но се очекува до јули пуштање во употреба и булеварот целосно да биде завршен.
„Како што знаете, пред неколку месеци завршивме две третини од булеварот и останува само една третина да стигнеме до Дреноц. Во моментов постигнавме договор со странките да го отвориме булеварот и верувам дека од следната недела општинскиот инспекторат ќе отстрани неколку објекти што претставуваат пречка за негово отворање. Oваа недела ги повикавме граѓаните да остстранат се што можат додека следната недела ќе интервенира инспекторатот Постигнат е договор досега, додека финансискиот надомест се уште не е направен, но верувам дека до јули целосно ќе се реализира отворањето на булеварот“, вели Албион Алили.

Граѓаните велат дека работите со години се нецелосни и изразуваат скептицизам за нивното завршување.
„Три – четири години, можеби и повеќе, го донесоа и го оставија. Не знам, три-четири години… Не знам кој беше градоначалник, Теута или тој пред неа. Не сметам дека ќе се случи, вака е веќе подолго време. Го доведоа до таму и го оставија. Не верувам, не мислам дека ќе се направи“.
Инаку, овој булевар се гради уште од времето кога градоначалник беше Сади Беџети. Работите продолжија и во времето на Теута Арифи, додека сега кога градоначалник е Билал Касами, се вели дека овој дел ќе биде завршен во јули годинава.
