Чадиковски: Македонија има слаб напредок од три места на листата на Репортери без граници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Младен Чадиковски во дебатниот магазин „EU Click“ на ТВ21 посочи дека Македонија оваа годинава имала слаб напредок од три места на листата на Репортери без граници.

„Годинава Македонија имаше слаб напредок од 3 места на листата на Репортери без граници што практично е еден скок во место во однос на тоа што се случуваше во изминатата година за разлика од преклани кога имавме скок од 15 места“, посочи Чадиковски.

Тој додава дека овој скок од 3 места е продуциран заради работата на медиумите и новинарите.