Чепреганов: Нема да дојде до агресивна состојба поради времетраењето на броење на гласовите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Давид Чепреганов, студент на UACS (University American College Skopje), беше вечерва во специјалното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 посветено на изборите во САД.

Тој смета дека нема да биде агресивна состојбата доколку се смени власта, и актуелниот претседател Доналд Трамп му го отстапи претседателското столче на својот противник Џо Бајден.

„Мислам дека нема да биде до толку агресивна состојбата, пред се поради времетраењето на броење на гласови“, додава Чепреганов.