Баланските медицински наменски сили (БМНС) можат да добијат поширока улога и да придонесуваат и надвор од балканскиот регион, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски по денешниот состанок на земјите членки на БМНС во Брдо, Словенија.
Мисајловски информира дека во изминатиот период е постигнат значаен напредок во развојот на капацитетите на оваа регионална иницијатива, а на состанокот било разговарано за нејзиниот натамошен развој, поголемата видливост и преземањето нови одговорности.
„Пред нас е можност да направиме нов исчекор во развојот на БМНС и да ја зајакнеме нејзината улога и придонес, не само во регионот, туку и пошироко. Македонија како постојано седиште на Командата и водечка нација на БМНС во период 2026-2028 година има јасна визија“, напиша Мисајловски на Фејсбук.
Тој посочи дека Македонија ја поддржува идејата да се разгледаат можностите БМНС да даде придонес и надвор од балканскиот регион.
„Ние ја поддржуваме идејата за разгледување на можностите БМНС да даде свој придонес и надвор од балканскиот регион, за што ќе бидат потребни заедничка волја и посветеност од сите земји членки“, наведува министерот.
Македонија во периодот од 2026 до 2028 година е водечка нација на БМНС и е постојано седиште на Командата.
