Чешка се откажа, Македонија чека официјална потврда за настап на Мундијалот во Египет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Требаше некоја селекција да се откаже од настап, за машката ракометна репрезентација на Македонија да патува на Светското првенство во Египет.

Денеска стигна информација дека Чешка нема да патува во Египет, поради проблеми со Ковид-19.

Македонија нема такви проблеми, па така сега чека само официјална потрврда, за да отпатува во Египет и да настапува на Мундијалот.

Македонскиот национален тим во изминатите денови одигра два контролни натпревари против Чиле, чекајќи „абер“ од ИХФ за настап на Мундијалот, кој може да го добие уште вечерва и веќе во следните денови да замине за Египет.