Чешки министер: По завршувањето на војната, ниту еден Украинец нема да добие заштита во Чешка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан денеска изјави дека Прага соработува со Полска за одлуката за статусот на Украинците кои моментално уживаат привремена заштита по „крајот на војната“.

„Чешка се подготвува за сценарија доколку во Украина биде прогласен прекин на огнот или каков било крај на војната. За тоа подготвуваме документи заедно со Полска, која претседава со Советот на Европската унија. Сакаме тоа да биде завршено во наредните месеци“, изјави Ракушан во интервју за чешкиот портал Новинки.

Во тој случај, додаде тој, Прага автоматски ќе престане да дава привремен статус на Украинците, но тие сепак ќе можат да останат во Чешка одреден временски период „на пример, година или година и пол“.