Три авиони со чешки навивачи наместо во Баку завчера, останаа во Прага, поради тоа што беа откажани чартерите кон Азербејџан поради ковид протоколите. Така навивачите на Чешка ја немаа поддршкаа од трибините, и беа поразени од Данска со 2:1 и не обезбедија пласман во полуфиналето.
Азербејџанските протоколи не се толку строги, но по враќањето во Чешка, навивачите ќе мораа да минат во задолжителен 12-дневен карантин, и од тука е одлучено да не одат во Баку.
Ова е нов проблем кој коронавирусот го прави на ова ЕУРО. Пред неколку дена стигна информација дека 300 фински навивачи се вратиле позитивни од Санкт Петербург кога присуствувале на натпревар на нивната селекција.
