Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи вечерва од студиото на ТВ21 во емисијата „Клик Плус“ коментираше за новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски.
Спасовски за Ковачевски кажа дека му е чест што новиот лидер му е сограѓанин од Куманово и дека фамилијарно се блиски.
„СДСМ покажа сериозен демократски капацитет, и во една ваква ситуација во која сите заедно се наоѓаме, покажа висока демократска свест. Избравме нов претседател, тоа е другарот Димитар Ковачевски. Ми е дополнителна чест и задоволство што новиот лидер е од Куманово, инаку ние сме многу блиски и семејни односи“, рече Спасовски.
Спасовски одговори на прашањето дали очекува раководно место во СДСМ со новиот лидер?
„Реков дека, сепак, сите тие кадровски решенија ќе треба да се базираат на визијата на новиот претседател. Знаете дека близината и личните релации никако не треба да се доведуваат до корелација на било каква позиција. Тоа што сме го граделе со децении како наша лична врска, не треба да не оптоварува ниту мене, ниту претседателот. Затоа го споменав концептот. Концептот на Ковачевски во компањата е да се обединиме, да работиме посветено и одговорно во партијата“, вели Спасовски.
