Спиењето е голем дел од нашиот живот, а бројни фактори влијаат на квалитетот на нашиот сон. Ако имате проблеми со спиење, значи дека е време да направите некои промени. Дури и положбата во која спиете влијае на вашиот сон.
Различните положби имаат различни предности. Секоја личност е поинаква, и важно е да го запознаете своето тело која позиција најмногу одговара.
Постои причина зошто позицијата на „фетус“, односно спиење на левата страна со благо свиткани нозе. Покрај тоа што е добра за елиминација на болките во долниот дел, е корисна и против рчењето.
Спиењето на страна е одлично, особено на левата страна. Оваа позиција влијае во намалувањето на рчењето, и одлична за вашиот дигестивен систем.
Спиењето на стомак е веројатно најлошата позиција за спиење. Позитивни страни се намалување на рчење, но тоа е тоа. Меѓутоа спиењето во оваа позиција може да предизвика проблеми со вратот и грбот, поради непотребното напрегнување на одреден дел на мускули и зглобови, поради што ќе се разбудите уморни и во болки. Ако се одлучите за оваа позиција, тогаш пожелно е да имате тенка перница, со што ќе го намалите притисокот на вратот.
Спиењето на грб има бројни здравствени предности. Оваа позиција може да ги ублажи болките во колковите и колената. Помага и во намалување на непотребниот притисок на грбот и на зглобовите. Перница зад колената може да ви помогне да ја постигнете природната позиција на грбот. Ако сакате грижа за вашата кожа, спиењето на грб ја штити вашата кожа од иритации.
Со оглед дека третина од животот ја минуваме во спиење, или пробуваме да заспиеме, важно е на кој начин ќе спиеме.
Исто така ако имате проблеми со спиењето, тогаш применете некои од следните совети:
-избегнувајте премногу кофеин
-редовно вежбајте
-воспоставете ноќна рутина која ќе ве успие и опушти
-водете дневник на спиење
