Четири лица загинаа во судир меѓу рибарски брод и товарен брод во североисточна Јапонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Четири лица загинаа откако рибарскиот брод „Кофуку Мару“ се преврте во судир со товарниот брод „Суехиро Мару“ кај североисточна Јапонија, соопшти крајбрежната стража.

Инцидентот се случил утрово околу 1:15 часот, на околу 20 километри од пристаништето Мисава, објави Кјодо.

Од 13-те членови на екипажот на рибарскиот брод, девет беа спасени, додека преостанатите четворица беа пронајдени мртви неколку часа подоцна благодарение на напорите на товарниот брод и другите рибарски бродови.