Четири земјотреси за помалку од 30 минути се регистрирани денеска нешто по 10 часот во близина на грчкиот остров Крит, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.
Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала се случи во 10 часот и 10 минути на 19 километри источно од Крит на длабочина од 25,8 километри, јави Катимерини.
Една минута подоцна, два посилни земјотреси со јачина од 4,4 и 4,3 степени според Рихтеровата скала се случија на 24 и 29 километри североисточно од островот, на длабочина од 17,7 и 17,1 километри.
