Основното јавно обвинителство во Тетово започна постапка против четири лица, осомничени за серија тешки кражби во неколку села во Општина Боговиње.
Според Обвинителството, од април до септември, осомничените влегувале во неколку куќи и краделе пари, златен накит и огнено оружје, кое сопствениците го поседувале со дозвола.
Во еден случај во Палчиште, од една куќа бил изнесен и сеф кој тежел околу 400 килограми. Вкупната материјална штета првично се проценува на околу 15 милиони денари.
Двајца осомничени се задржани 48 часа, додека по другите двајца се трага. Истрагата продолжува со цел целосно расчистување на случаите и утврдување на одговорноста на осомничените.
