Колумбиските власти денес објавија дека четворица работници загинале во експлозија во рудник за јаглен во централна Колумбија.
Рударите се заробени во урнатините од саботата попладне, кога се случила експлозија наводно предизвикана од насобирање гас во рудникот Лас Квинтас, околу 76 километри северно од Богота, пренесува АП.
Гувернерот на Кундинамарко, Хорхе Емилио Реј, објави на социјалните мрежи дека се пронајдени телата на работниците Хамиро Рамос, Вајлдер Гереро, Мануло Делгадиљо и Јорман Снајдер.
