93,7 отсто од граѓаните на Македонија користат интернет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во првиот квартал од 2026 година, 93,7 отсто од вкупното население во земјава на возраст од 15 до 74 години користело интернет, покажуваат податоците за употребата на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) во домаќинствата и кај поединците, објавени од Државниот завод за статистика.

Во истиот период, 91,2 отсто од домаќинствата имале пристап до интернет од дома.

Податоците укажуваат на широка употреба на интернетот и дигиталните услуги во секојдневниот живот на населението, како и на високото ниво на пристап до интернет во македонските домаќинства.

Интернет неколкупати во текот на годината користеле 81,2 отсто од населението. Истиот процент од населението во изминатите 12 месеци нарачувал или купувал стоки и услуги преку интернет.

Во користењето на ИКТ, најголем удел од 93,5 отсто имаат телефонските и видеоповиците (преку веб-камери и со користење апликации како Скајп, Фејстајм, Месинџер, Уатсап, Вибер и Снепчет).

Висок удел од 88,4 отсто има и размената на пораки, главно преку Скајп, Месинџер, Уатсап и Вибер.