Денеска во Парламентарниот институт ќе се одржи четврта работилница за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците.
Работилницата ќе се одржи со следниот распоред:
Пред сесија: Дискусија за предлог-Етичкиот кодекс за пратениците во Собранието на Република Северна Македонија;
Сесија 1: Претставување на компаративен преглед на институционални механизми за примена на кодексот на однесување (меѓународни практики);
Сесија 2: Дискусија за институционалната структура на телата за следење на примена на Кодексот во Република Северна Македонија
