Четврта седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, од прогласувањето кризна состојба

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска, во Центарот за управување со кризи, (понеделник, 27.11.2020 година), од 13:30 часот  е планирано да се одржи седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, којшто е оперативно стручно тело што раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации. Седницата ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска.

Со седницата на Главниот штаб раководи, в.д., директорот на Центарот, Стојанче Ангелов, а присуствуваат претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи. Видеоконференциската седница е во насока и со цел за поголемо и посеофатно дејствување во правец превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“, заштита на здравјето и животот на населението преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационалнио и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси.  Секако, со Акцискиот план, беа утврдени и активностите на институциите за наредниот период.

До сега, се утврдија силите и средствата со коишто Армијата дава поддршка на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за здравство, согласно Акцискиот план и Законот за управување со кризи со флуиден ангажман во поглед на бројот, средства и капацитети согласно потребите и условите околу болnичките установи каде што се третираат „ковид“ пациенти.  Денеска Армиските припадници се веќе на терен, согласно вчера потпишаната Одлука на претседателот Пендаровски, а и информирањето на јавноста од страна на министерката за одбрана, Шеќеринска.

Активностите и координацијата од ЦУК е во контекст на потребата за учество на дел од Армијата, согласно Стратегискиот одбранбен преглед, а што се остварува на предлог на Управувачкиот комитет по работата на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, што, пак, е континуитет на процената на Групата за процена. Притоа, на седниците на Главниот штаб за управуање со кризи при ЦУК, конкретно се изврши определување на видот и број на силите и капацитетите на армиските единици, намена и задачи за коишто се бараат, а и времетраење на конкретни активности и ангажмани на армиската единица.

Инаку, обемниот и содржаен, Акциски план што го изготви Центарот за управување со кризи, е во директна насока за превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“ и има и преглед за расположивите човечки и материјално технички ресурси и план за координирано дејствување. Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а  работи  и за зајакнување на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК и со надворешни соработници од невладиниот сектор.