Од крузерот „Дајмонд Принцес“ во Јапонија, почина и четвртиот патник кој бил заразен од коронавирус. Стнаува збор за 80-годишен маж кој што не го преживеал вирусот, и починал во болница.
Во меѓувреме, српското министерство за надворешни работи соопшти дека двајца српски државјани се позитивни на коронавирусот. Станува збор за 29-годишен и една година постаро лице. Не се наведува дали се машки или женски лица.
Српското МНР чека информации од Јапонија кога ќе бидат однесени во болница двете лица.
На крузерот има и тројца македонски државјани.
