По два дена пауза, денеска продолжуваат возбудувањата на ЕУРО 2020. Денеска е ден за две четвртфинални битки, и тоа доста интересни.
Во 18 часот Швајцарија игра против Шпанија. По елиминацијата на Франција, Швајцарците се надеваат на ново чудо и пласман во 1/2 финалето, што би било огромен успех за оваа селекција. Шпанците, пак, иако не играат на ова ЕУРО како што посакуваат, сепак, со победата над Хрватска од 5:3 во продолженијата, покажуваат дека ќе атакуваат на трофејот. Дуелот се игра во Санкт Петербург.
Во 21 часот, пак, едно дерби, можеби најголемо во 1/4 финалињата. Белгија ќе игра против Италија на стадионот во Минхен. Станува збор за дуел на два фаворити за трофејот. Белгија досега ги забележа сите победи во регуларниот дел, додека Италија по трите триумфи во групата, мораше да игра продолженија со Австрија и да ја елиминира со многу мака.
Утре, пак, се играат останатите две средби од 1/4 финалето и тоа Данска – Велс и Англија – Украина.
