Чистењето на снегот, причина за кавга во општина Тетово – независната листа не се согласува чистењето да го врши ЈКП Тетово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Снегот во Тетово  во моментов го чисти ЈКП Тетово иако оваа одлука  не помина во Советот на општината. Од Независна листа велат дека договорот не  е јасен.

„Не е јасен договорот кој го бараме. Машинеријата на ЈКП како ќе ја менаџира компанијата што ќе ги покрива работите што ќе ги изведува ЈКП. Ова беа работите кои треба да се разјаснат за јавноста и за нас советниците“, вели Хамди Сулејмани.

Претседателот на општинскиот совет Бесар Дурмиши вели дека целта е да се намалат трошоците и затоа менаџирањето треба да му припадне на јавното комунално претпријатие.

„Сакавме ингеренциите да ги преземе ЈКП Тетово. Тоа има веќе направено набавка за нафта и нема доволно средства доколку падне повеќе снег , туку оние кои се на располагање да се менаџира количината снег. Така ќе ги намалиме значително трошоците“, додава Бесар Дурмиши.

Градоначалникот на  Тетово, Биљал Касами вели дека има компании кои сакаат да и помогнат на општината додека таа се стабилизира финансиски.

„И јас со решение ангажирав јавно претпријатие за менаџирање на чистењето на снегот и има приватни компании кои се заинтересирани  да дадат свои средства на услуга додека се стабилизираме од финансиски аспект и да видиме понатаму перманентно како ќе го решиме проблемот со снегот“, посочи Биљал Касами.

Општината обезбедила 500 тоник сол  и 3000 метри кубни песок, но како ги обезбедила се уште не е јасно, бидејќи ниту ЈКП Тетово ниту општината на официјалната страна немаат отворено никаков тендер за сол и песок.