-Вие сте директорката?
„Да. Но. Ние се договоривме после крајот на јануари ќе можете да дојдете да снимате?“
-Зошто само на покана? Не можеме сега додека се тековните активности?
„Не се завршени“.
-Смееме да ги прашаме студентите дали се задоволни од условите?
-Сега како изгледа смееме да снимаме?
„Не“.
Вака не пречека В.д директорката на Универзитетската библиотека „ Климент Охридски“ при обидот да прикажеме какви се условите и до каде се активностите за реновирање на истата. И покрај тоа што е јавна установа таа смета дека библиотеката можеме да ја посетиме само кога таа ќе не покани.
Но, ТВ21 поседува снимки, малку постари, за тоа како изгледа националната библиотека, единствена во главниот град. Во меѓувреме почна реновирањето, но за жал сето тоа споро се одвива.
Директорката на библиотеката вели дека до крајот на јануари треба да завршат сите работни активности, па тогаш ќе не повика и да снимаме.
„Едната читална е комплетно реновирана, во втората сменет е подот и столчињата но има завршни активности кои бараат време да се завршат. Кога ќе се завршат крај на јануари ќе ве повикам сите новинари да видите што е направено“, вели Јелисавета Костадинова.
По завршувањето на изборите (за време на кои не смееше да се распишат јавни набавки), во ноември 2021 година беа распишани две јавни набавки (една за замена на подните облоги и друга за набавка на нов инвентар – столови за читалниците), кои по склучувањето на договорите со економските оператори беа реализирани. Во тек е поставување нови електрични инсталации во читалницата со што корисниците/читателите во целост ќе добијат пристојни услови за користење на фондот на НУБ „Св. Климент Охридски“, кои го години ги немаа.
