Членовите на Комората за стоматолозите се жалат на притисоци и фаворизирање, бараат оставка од претседателот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Членовите на Комората на стоматолозите бараат оставка од претседателот Маријан Денковски. Според нив во комората владее целосен тоталитаризам, се гонат членовите и делегатите, се изрекуваат казни без законска основа, се поднесуваат финансиски извештаи кои не се реални, се елиминираат одредени здруженија на сметка на други.

Членовите се пожалија и дека против нив се покреваат неосновани постапки од судот на честа.

Претседателот на комората, Денковски вели дека е зачуден од реакциите и поплаките на членовите. Тој говореше и за една од постапките за Амела Цана, екс директорка на Клиниката за стоматологија.

Членовите на комората велат дека оваа голгота трае веќе 5 години, односно од првиот мандат на претседателот Денковски. Тој пак вели дека нема да дозволи некој од членовите да работи на своја глава.