Во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 беше гостин долгогодишниот новинар Александар Чомовски.
Тој дебатираше и за последното интервју со поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, за што доби големи критики од јавноста.
„Критиките беа упатени заради тоа што бесот на јавноста беше кон Никола Груевски толку концентриран, што сите очекуваа од мене да го „масакрирам“, да го „ликвидирам“, да го станам од студио, и јас бев свесен за тоа. Пред емисија кажав, јас ќе си истерам новинарско интервју бидејќи јас ги правев и лидерските средби. Нема ефект да го нападнеш ако не извлечеш барем основна вест“, порача Чомовски.
Во продолжение целата изјава:
