Археолозите беа изненадени од богатата ризница од римско време, стара 2000 години, што ја пронајдоа на дното на езерото Нојшател во Швајцарија.
Нуркачите открија чудесно богатство на дното на швајцарско езеро кое можеби не изгледа како сандак со злато од детска игра, но има слично голема вредност за историчарите.
Остатоци од римски трговски брод се откриени на дното на езерото Нојшател, каде што лежеле два милениума, тивко чекајќи го своето големо откритие.
Невообичаено откритие
Остатоци од бродот содржат римски кратки мечеви наречени „гладиус“ (по кои гладијаторите биле именувани), амфори со маслиново масло, керамика и разни алатки, објавува „Њујорк пост“.
Откритието ги изненади дури и искусните експерти.
Богатството и разновидноста на оваа колекција од исклучително добро сочувани предмети го прават ова откритие извонредно, рекоа археолозите за наодот, кој датира од почетокот на нашата ера, помеѓу 20 и 50 година од н.е.
Покрај богатата колекција, нуркачите беа изненадени и од начинот на кој вредните предмети беа распоредени на бродот.
