„Повторно се запалени возила овде на паркингот кај полигонoт во близина на Скопското Кале. Како што гледате, изгорени се три автомобили. Станува збор за Golf 5, Golf 7 и Spark. Од МВР велат дека пожарот започнал од оваа дел овде, каде имало сува трева, по што ги зафатил возилата и како што гледате останале само железата. Ова е втор пат на овој паркинг да изгоруваат возила на граѓани кои се паркираат овде за потоа да продолжат кон Градскиот парк во Скопје“, вели репортерот на ТВ21.
Граѓаните и понатаму се паркираат на овој паркинг и покрај изгорените возила. Тие се сомневаат дека има некоја причина зошто се палат, но велат дека не е во ред бидејќи се плашат децата.
„Можеби се изгорени по некоја причина. Не е во ред, еве и децата се плашат. Немате ли страв да се паркирате овде? Не“.
„Не знам што да кажам. Возилата не горат без причина. За што мислите дека се изгорени? Не знам, не се мешам во тоа, нека го реши полицијата“.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, а од пожарот известуваат дека едно лице е повредено.
„Од пожарот биле зафатени три возила, а едно лице се здобило со повреди при кршење на стаклата на возилата со цел да ги отстрани од местото. Интервенирале полициски службеници и екипа на Бригадата за противпожарна заштита во Скопје, а пожарот е изгаснат“, велат од МВР.
Се потсетува дека пред точно две години на овој паркинг изгореа 5 возила кои биле паркирани едно до друго.
