ЧУДО: Фудбалер на Ајакс се разбуди од кома по две години и девет месеци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Абделхак Нури, фудбалерот на Ајакс вчера се разбуди од кома во која беше точно две години и девет месеци. Некогаш екстра талентираниот член на тимот од Амстердам, инаку голем пријател од детството на Френки де Јонг, сега е во својот дом, кој е прилагоден токму за неговата моментална здравствена состојба.

За него кобен беше еден јулски ден во 2017 година и таа пријателска средба меѓу Ајакс и Вердер. Падна како покосен на теренот, прво во прашање беше срцев удар, а потоа следуваше и оштетување на мозокот по што беше во кома до вчера. Убавата вест ја откри неговиот брат Абдерахим:

„Апи е добро, не е веќе во кома. Тој спие, јаде, по малку и негодува…само со помош на веѓите. Засега таква е нашата комуникација, ги подигнува и ги спушта веѓите. Но и ова е добро за него ако се знае како беше претходно“ истакна братот на Абделхак.