ЧУДО: Патнички авион се урна на плажа, сите патници преживеале (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Патнички авион „Фокер 50“, се лизна од пистата при слетување и заврши на брегот во една од плажите во Могадишу, Сомалија, објавува „Гароу онлајн“.

Авионот бил на локалната авиокомпанија „СтарСкај“ откако доживеал технички проблеми кратко по полетувањето од меѓународниот аеродром „Аден Аде“ во Могадишу. Требало да лета до Галкај, но веднаш побарал и добил дозвола за итно слетување.

При слетувањето на писта, скршнал од неа, преминал преку работ и се запрел веднаш до брегот.

Според властите, во авионот имало 55 патници и членови на екипажот, а сите биле евакуирани без сериозни повреди благодарение на брзата интервенција на спасувачките служби.

Снимките од местото на настанот го покажаа авионот како е слетан на песочна плажа веднаш надвор од аеродромската зона. Истрагата за причината за излетувањето од пистата е во тек, а операциите на аеродромот беа накратко прекинати додека службите за итни случаи ја обезбедуваа областа.