Младиот музичар Давид Јанг Дади, во интервју за ТВ21 откри дека музиката за него отсекогаш била единствениот избор и порача дека упорноста, вербата во себе и истрајноста се клучни за успех на младите артисти на македонската музичка сцена. Тој зборуваше и за хитот „Лидија“, откри како настанала идејата за песната и истакна дека неговите најемотивни песни допрва доаѓаат.
Јанг Дади неодамна најави и голем концерт, кој ќе се одржи на 12 септември, ветувајќи незаборавна атмосфера и нови музички изненадувања за својата публика.
ТВ21: Има ли песна што ти е најемотивна или најважна досега?
Јанг Дади: Сите песни си ги сакам, а најемотивните доаѓаат допрва.
ТВ21: Колку е тешко да се пробие млад артист на македонската музичка сцена?
Јанг Дади: Тешко е, но не и невозможно. Упорноста, вербата во себе и манифестирањето можат многу да помогнат.
ТВ21: Од каде ја доби идејата за песната Лидија која е апсолутен хит?

Јанг Дади: Од нигде никаде ми дојде фразата која сум ја слушал како помал од постарите генерации, и направив модерен твист и направив цела приказна.
ТВ21: Што би му порачал на некој млад човек што сака да почне со музика во Македонија, но се плаши да започне?
Јанг Дади: Да верува во гласот што му зборува од внатре, да не се откажува, да не потпаѓа под влијание на други и да верува дека секој има своја магија.
ТВ21: Кога би можел да го вратиш времето дали повторно би ја одбрал музиката или би одбрал нешто друго со кое би се занимавал?
Јанг Дади: Секогаш музика. Музиката ми е единствена опција.

