За проблемот со личните проблеми, техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, го обвини неговиот претходник, Оливер Спасовски. Според Чулев, Спасовски потпишал незаконски тендер за лични карти и пасоши, при што тендерот наместо со консултација е реализиран со договор со компанијата „Веридос“. Анализите во Министерството покажале дека обрасците место со нов договор се обезбедувале по пат на анекси на стариот договор со компанијата „Веридос“, па договорот од 7,2 милиони евра, со анексите се искачил на 12,8 милиони евра во кои влегла и набавка на хардвер без софтвер.
Овие обвиненија Спасовски ги коментираше со насмевка. Рече дека кога бил министер на МВР, имало доволно лични карти и пасоши. Техничкиот премиер ги повика истражните органи истражат.
За надминување со настанатиот хаос околу издавањето на личните документи Чулев вели дека одлучиле службите за издавање лични документи во Скопје, Беко и Ѓорче Петров, до изборите да работат и во сабота и со продолжено рабтно време односно од 07.30 часот до 21 часот.
