„Нема повеќе мито за операции“ – Алиу: Го елиминиравме со листата на чекање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Нема повеќе мито за да се оперираш“, изјави министерот за здравство Азир Алиу во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Според него, оваа појава е надмината со воведувањето на листата на чекање за операции.

„Ова е потврдено и на светско ниво. Не случајно започнавме со листата на чекање за операции. Често отвораме термини и во два формата – или секој петок од 10 до 15 часот граѓаните можат да дојдат и директно да разговараат со министерот, или онлајн преку веб-страницата да пријават злоупотреби во здравството. Клучниот проблем што граѓаните го пријавуваа беше токму листата на чекање за операции. Често ни пишуваа: ‘Докторот ми вели ќе чекаш 5-6 месеци, или дојди во втора смена каде се плаќа приватно’. Овој проблем го решивме со воспоставување систем во кој сега постојат листи на чекање за секој лекар, секое одделение и за секоја болест. Граѓаните можат да проверат колку се чека за одредена операција. Злоупотребите од типот ‘дојди попладне затоа што мора да чекаш’ повеќе не постојат“, изјави министерот за здравство Азир Алиу.