Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи, во „10 МИНУТИ“ на ТВ21 откри дека и други министри биле против препораката на Комисијата за заразни болести за карантин изминатиот викенд.
Тој, сепак, не откри за кои министри станува збор, односно кои биле тие кои сметале дека треба да има поблаг полициски час во изминатиот викенд во кој ограничувањето почна од недела од 14 часот до вторник до 05 часот.
