Чулев: Ќе поднесам претставки до Советот за етика во медиумите и Советот на честа при ЗНМ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на својот Фејсбук профил истакна дека во текот на утрешниот ден ќе поднесе соодветни претставки до Советот за етика во медиумите и Советот на честа при ЗНМ.

„Ваквото манипулативно известување не само што го разбирам како обид за нарушување на мојот углед, интегритет и професионалност, туку претставува и манипулација со јавноста, со што директно се нанесува штета врз мојот личен кредибилитет и кредибилитетот на Министерството за внатрешни работи“, додава Чулев.