Детскиот хирург и доктор кој ја изврши првата трансплатација на бубрег кај дете во Македонија во 2009 година, Ристо Симеонов во емисијата „Urban Late Morning“ истакна дека со текот на времето се учи да се носи со сите емоции во својата професија.
Тој вели дека лошите моменти во неговата професија остануваат како белег, но веќе со следниот сериозен случај, енергијата се насочува кон него.
