„Да бидеме хумани, да го поддржиме донирањето органи“ – Д-р Ѓорѓиевски: Донирањето органи е најхуманиот чин што спасува многу животи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во рамки на кампањата „Донирањето органи му дава повисока смисла на човештвото!“, директорот на Клиниката за нефрологија, д-р Никола Ѓорѓиевски, повика на зголемување на свеста и поддршката за донирање органи како еден од најхуманите чинoви. Тој нагласи дека солидарноста и хуманоста можат да им помогнат на пациентите на кои им е потребна трансплантација, а воедно да го зајакнат и целото општество.

„Донирањето органи е најхуманиот чин што им помага на многу животи и пациенти на кои им е потребна трансплантација на органи. Затоа ги повикувам сите граѓани на Република Македонија да ја зголемат свеста за донирањето органи, бидејќи само на овој начин можеме да си помогнеме едни на други, а со помошта на другите му помагаме и на целото наше општество, на државата и на целиот здравствен систем“, вели Ѓорѓиевски.