Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, реагираше на критиките во јавноста околу цените на билетите за натпреварите на македонската репрезентација. Тој порача дека не ја разбира потребата, како што рече, да се манипулира јавноста со информациите за цените и со тоа да се одвраќаат навивачите од доаѓање на стадион.
Омерагиќ ги повика навивачите да ја поддржат Македонија од трибините, а оние кои се во можност да купат билети и да ги подарат на други луѓе, наместо да шират дезинформации.
„Да не бидеме патриоти на Фејсбук, туку да дојдеме и да ја бодриме Македонија“, порача Омерагиќ.
