Овие две госпоѓи се едни од 320 семејства во земјава кои се грижат за деца сираци, без дом или деца кои се напуштени. Со години го прават тоа, а велат дека со љубов се се постигнува, а радоста не се опишува.
“Подај рака и промени живот“ е кампања што се спроведува во 20 општини. Преку неа граѓаните се запознаваат со условите и понудите да се биде згрижувачко семејство за деца сираци и деца оставени на улица.
Од центарот за згрижување Битола ги известуваат граѓаните за постапката и условите кои треба да се исполнат за да се биде згрижувачко семејство.
Директорот на социјалниот центар Кичево, Дашмир Лимани, рече дека згрижувачките семејства доколку земат дете, добиваат помош од 16.700 денари, а доколку земат по 2 деца, сумата е по 14.500 денари.
„Во општина Кичево имаме 12 згрижувачки семејства, од нив 7 згрижувачки семејства врз роднинска основа и 5 згрижувачки семејства. Вреди да се спомне дека меѓу 5-те згрижувачки семејства имаме и специјализирани семејства кои можат да се грижат за деца со инвалидитет“, додава Дашмир Лимани.
Детско село во соработка со МТСП, Центарот за згрижувачки семејства и општините ја спроведува оваа кампања за подигање на свеста дека да се биде згрижувачко семејство не е тешко.
