Да се излекуваш од коронавирус! Брачната двојка Ицевски раскажува за нивната битка со Ковид-19

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лилјана и Зоран Ицевски се сопружници кои биле заразени од Ковид-19. Лекувањето во домашни услови траело неколку дена, сѐ додека состојбата не им се влошила, поради што морале да бидат хоспитализирани.

Ова е еден од ковид-центрите каде се одвива најголемата битка со болеста. На првата линија од фронтот се околу 12 инфектолози, 40 медицински сестри и лекари специјалисти. Иако воопшто не им е лесно, сепак мисијата која си ја задале, им дава волја на лекарите да застанат зад секој предизвик!

Инфектологот Сунчица Богоева вели дека вториот бран иако бил очекуван, сепак ги изненадил со големиот број пациенти кои доаѓаат да побараат помош. За да го избегнат големиот наплив на пациенти, таа препорачува матичните лекари повеќе да се грижат за нивната ориентација.

И додека светот е во исчекување на лекот против болеста, Богоева вели дека сега за сега најдобриот лек останува заштита со маска, држење дистанца и одржување хигиена. А спасот кој сите го очекуваат е вакцината.

Министерот за здравство посочува дека за пациентите кои се лекуваат без респиратор, во зависност од времетраењето на третирањето, државата троши од 30 до 140 илјади денари. Со респираторен апарат цената се движи од 70 до 300 илјади денари, исто така во зависност од времетраењето. Фондот за здравство ги покрива трошоците на хоспитализираните. Заразените пациенти се ослободени од учество (партиципација). Бесплатно е лекување и за граѓаните кои не се осигурени.